Киев: Политичката криза во Украина во критична фаза

Политичката криза во Украина, како што јавуваат агенциите, влегла во критична фаза откако пратениците не успеале до полноќ да ја изгласаат новата влада. Според Уставот, претседателот Виктор Јушченко сега би можело да го распушти парламентот и да свика нови избори. Јушченско денеска ќе учествува на седницата на парламентот посветена на политичката криза во земјата.