Њујорк: Хјуман Рајтс Воч соопштува за повторни злоставувања на затворениците во Ирак

Организацијата за човекови права Хјуман Рајтс Воч, објави извештај во кој се наведува дека американските воени претставници го охрабруваат злоставувањето на затворениците во Ирак, посебно во процесот на нивното испитување и покрај скандалот со затворот Абу Граиб во 2004-та година. Во извештајот се наведува дека затворениците биле психички малтретирани, им било одземено правото на спиење и биле изложувани на екстремни температури. Пентагон ги негираше тврдењата.