Индонезија: Над 200 луѓе исчезнати по цунамито

Властите во Индонезија соопштија дека над 200 луѓе сеуште се водат како изчезнати по цунамито што го зафати јужниот брег на островот Јава во понеделникот, кога загинаа над 500 луѓе. Епицентарот на земјотресот од 7,7 степени според Рихтеровата скала, што го предизвика цунамито, бил на дното на Индиски Океан, 240 километри од Јава.