Багдад: Пет лица загинале во експлозии на неколку бомби во близина на универзитет

Неколку бомби екплодирале во близина на еден универзитет во Багдад, при што 5 лица загинале, а околу 20 биле повредени. Во северниот град Киркук, 4 лица настрадале, а 16 биле повредени при експлозија на бомба пред една кафетерија. Во насилствата и инцидентите во Ирак во последниве два дена загинале околу 100 луѓе.