Санкт Петерсбург: Завршува самитот на Г-8

Денеска во Санкт Петерзбург завршува самитот на Г – 8 на кој се очекува светските сили да се осврнат и на трговските преговори во Светската Трговска Организација, како и на цената на нафтата на светскиот пазар. Учество на состанокот во Русија ќе земат и петте клучни земји во развој – Бразил, Индија, Кина, Мексико и Јужна Африка.