Газа: Израелските сили влегле во северниот дел на Појасот Газа

Израелските сили вчера влегле во северниот дел на Појасот Газа, при што биле убиени тројца милитанти. Како што се јавува, израелски тенкови, подржани од хеликоптери влегле во областите во близина на Беит Ханун, од каде милитантите најчесто ги извршуваат ракетните напади. Како што јавуваат агенциите, во неколку други израелски воздушни напади во Газа, биле повредени најмалку 10 палестинци.