Газа: Израелската армија ги повлекла тенковите и булдожерите од централна Газа

Израелската армија денеска ги повлекла тенковите и булдожерите од централниот дел на Појасот Газа, јавуваат агенциите. Се додава дека израелските сили остануваат активни во другите делови на Газа. Осумдесет и седум палестинци биле убиени откако Израел ја почна воената офанзива кон крајот на минатиот месец поради грабнувањето на еден израелски војник.