Калифорнија: Прогласена вонредна состојба поради пожари

Делови на Калифорнија се зафатени со големи пожари поради што гувернерот Арнолд Шварценегер прогласи вонредна состојба. Пожарите имаат зафатено над шеснаесет илјади хектари ниски шуми и уништено стотина куќи. Со стихијата се борат повеќе од илјада пожарникари.