Бомбај: Приведени над 350 лица во врска со бомбашките напади

Индиската полиција соопшти дека биле приведени над 350 лица, за кои постои сомневање дека се поврзани со бомбашките напади врз железницата во Бомбај во вторникот, кога загинаа над 200 луѓе, а 700 беа повредени. Една досега непозната група, која се нарекува Ал Каеда Џаму и Кашмир ги поздрави ескплозиите и повика на уште напади.