Москва: Ден на жалост поради жртвите од авионската несреќа во Иркутск

Во Русија денеска е ден на национална жалост за жртвите од авионската несреќа во сибирскиот град Иркутск. Во авионот кој во саботата се урнал по слетувањето имало околу двесте патници од кои над сто и триесет загинале. Покрената е истрага за причините на несреќата.