Багдад: Повеќе лица загинале во насилствата во главниот ирачки град

Најмалку 14 лица биле убиени во нападот на вооружено лице, за кои се јавува дека бил шиит, во една населба со претежно сунитско население во Багдад. Лицето како што соопштуваат од ирачкото министерство за одбрана, поставил лажен контролен пункт, на кој ги стопирал возилата при што ги убивал патниците. Некои од агенциите јавуваат дека во инцидентот се убиени 40-тина лица. На местото на настанот во потрага по вооруженото лице, пристигнале американски и ирачки сили.