Скопје: 46 приговори за парламентарните избори

До синоќа во дваесет и еден часот кога истече рокот за поднесување приговори во врска со парламентарните избори во Македонија пристигнале четириесет и шест приговори. Демократската партија на албанците поденесе дваесет и три, Демократкста унија за интеграција девет, ВМРО ДПМНЕ дванаесет, додека СДСМ и ДОМ поднесоа по еден приговор. Државната изборна комисија има обврска да се изјасни по нив во рок од четириесет и осум часа. Доколку подносителот не е задоволен има право да се жали до Врховниот суд чија одлука е конечна.