Ерусалим: Заробениот израелски војник е жив

Израелската влада соопшти дека израелскиот војник што го држат палестинските милитанти е жив и покрај тоа што крајниот рок што го дадоа милитантите измина. Израел одби да преговара и да ги исполни барањата за ослободување на стотици палестински затвореници во замена за војникот. Портпаролот на една од групите поврзани со Хамас изјави дека нема повеќе да даваат информации за заробениот војник, но сугерираше дека не е убиен. Израелската влада предупреди дека палестинските милитанти ќе се соочат со невиден одговор доколку на војникот биде повреден. Изутрината пред истекот на рокот на палестинските милитанти израелскаат армија презеде серија воздушни напади во Газа во кои загина еден милитант на Хамас.