Москва: Состанок на министрите за надворешни работи на Г8

Во Москва денеска се одржува состанок на министрите за надворешни работи на Групата 8 индустриски најразвиени земји. Една од главните теми е иранската нуклеарна програма, а ќе стане збор и за ситуацијата во Ирак, Авганистан, Блискиот Исток и идниот статус на Косово. Овој состанок е всушност подготовка на самитот на групата 8 што ќе се одржи во наредниот месец во Санкт Петерсбург.