Вашингтон: САД настојуваат да ја помогнат подобрата соработка меѓу Авганистан и Пакистан

Американскиот државен секретар Кондолиза Рајс изјави дека Соединетите Држави настојуваат да ја помогнат подобрата соработка меѓу Пакистан и Авганистан во борбата против талбианските бунтовници во пограничниот регион. Рајс, која замина во посета на Исламабад, им оддаде признание на владите на Пакистан и на Авганистан за битката против милитантите, но оцени дека таа би била поуспешна доколку има подобра координација.