Газа: Палестинските власти се обидуваат да го пронајдат заробениот израелски војник

Палестинските власти се обидуваат да го пронајдат израелскиот војник во Газа заробен по инцидентот во кој загинаа двајца израелски војници. Израелската влада им даде 48 часа на палестинците да го вратат војникот заканувајки се со силен одговор. Израелската армија соопшти дека собира тенкови и трупи на границата со Газа.