Штутгарт: Уапсени 200 лица по насилствата меѓу германските и англиските навивачи

Германската полиција уапсила околу 200 лица, повеќето од нив англичани, по насилствата што избувнаа синоќа меѓу англиските и германските навивачи на Светското фудбалско првенство во градот Штутгарт. Во пресметките меѓу фудбалските навивачи нема сериозно повредени, пренесуваат агенциите. Инаку по вчерашните натпревари на светското фудбалско првенство во четвртфиналето се пласираа репрезентациите на Германија и Аргентина.