Багдад: Ирачкиот премиер Нури Ал Малики го претстави планот за национално помирување

Ирачкиот премиер Нури ал Малики денеска во ирачкиот парламент го претстави планот за национално помирување во земјата. Како што се известува, дел од предлозите во планот содржат амнестија за одредени бунтовнички групи и повик за разоружување. Предлозите имаат за цел запирање на насилствата во земја и враќање на бунтовничките групи во ирачките политички процеси. Со планот исто така се предвидени и чекорите кои треба да се преземат за подготовка на ирачките сили за преземање на безбедносната контрола од коалиционите трупи во земјата.