Свет: Ал Каеда ја потврди смртта на Абу Мусаб ал Заркави и повика на одмазда

Вториот човек на Ал Каеда Ајман ал Завахири ја потврди смртта на Абу Мусаб ал Заркави лидерот на Ал Каида во Ирак. Тој преку видео порака емитувана на Ал Џезаира побара одмазда против Соединетите Држави поради воздушниот напад во кој загина Заркави, а го критикуваше ирачкиот премиер за кршење на исламските принципи.