Басра: Најмалку десетмина загинати во самоубиствен напад

Најмалку 10 лица загинале при денешниот самоубиствен напад со автомобил бомба во ирачкиот град Басра. Експлозијата се случила во близина на еден пазар и бензиска пумпа. Во друг инцидент во провинцијата Анбар, загинал еден американски маринец.