Москва: Газпром до крајот на месецов ќе ја зголеми цената на гасот за Украина

Руската компанија Газпром соопшти дека до крајот на месецов ќе ја зголеми цената на гасот за Украина. Ваквиот потег веројатно повторно ќе ги зголеми тензиите меѓу двете земји. Во јануари Украина одби да плаќа повисоки цени за снабдувањето со гас од Русија, од што беа загрозени и други европски земји, бидејки клучните гасоводи кон Европа транзитираат низ Украина.