Пјонгјанг: Северна Кореа изрази готовност за разговори со САД

Северна Кореја изрази готовност за разговори со Соединетите Држави за смирување на тензиите околу плановите на Пјонгјанг да тестира проектил од долг дострел. Северно-корејски претставник во Обединетите Нации изјавил дека неговата земја има право да тестира проектили, но сака да ги избегне тензиите. Американскиот државен секретар Кондолиза Рајс изјави дека лансирањето на проектилот би бил сериозна провокација.