Токио: Јапонија ќе повлече 600 војници од Ирак

Токио соопшти дека планира да повлече 600 војници од јужен Ирак. Оваа одлука доаѓа еден ден по изјавата на ирачкиот премиер дека ирачките сили ќе ги превземат безбедносните операции во подрачјата каде што беа стационирани јапонските војници. Премиерот Нури ал Малики изјави дека коалиционите трупи ќе се повлечат и од јужниот дел Ал Мутана. Таму се стационирани британците и таа ќе биде првата од 15 те ирачки провинции надвор од релативно мирниот север кој ќе биде под целосна ирачка контрола.