Женева: Инагурација на новиот Совет за човекови права

Генералниот секретар на Обединетите Нации Кофи Анан денеска во Женева го инаугурира новиот Совет за човекови права, кој беше формиран на местото на досегашната Комисија за човекови права на Светската Организација. Во Советот членуваат 47 држави, а Соединетите Држави беа против, сметајки дека ова ново тело нема доволно ингеренции за спречување на случаите на кршење на човековите права.