Братислава: Лидерот на социјал демократите ќе добие мандат за состав на влада

Словачкиот претседател Иван Гашпарович денеска треба да му го довери мандатот за состав на новата влада на лидерот на партијата СМЕР, Роберт Фико, како победник на вчерашните парламентарни избори. СМЕР освои 29 насто од гласовите, додека владејачката партија на премиерот Микулаш Дуринда, 18 насто.