Токио: Јапонија ќе ги консултира САД околу можна реакција во случај на тестирање проектил од С.Кореа

Јапонскиот премиер Јуничиро Коизуми изјави дека ќе се консултира со Соединетите Држави околу можната реакција доколку Севрена Кореја изврши тестирање на проектил од долг дострел. Коизуми го повика Пјонгјанг да се однесува рационално, не прецизирајки каков би бил јапонскиот одговор. Австралија и Нов Зеланд исто така ја предупредија Северна Кореја да не го изврши тестирањето на ракетата.