Аргун: Униен лидерот на чеченските бунтовници Абдул Калим Садулаев

Лидерот на чеченските бунтовници Абдул Калим Садулаев бил убиен денеска во градот Аргун во близина на Грозни, јавија руските медиуми. Според извештаите, Садулаев загинал во престрелка со специјалните сили. Руските специјални сили во минатата година го убија и претходниот чеченски лидер Аслан Маскадов.