Казахстан: Заврши регионалниот самит посветен на безбедноста

Регионалниот самит во Казахстан, посветен на безбедноста, заврши денеска со изјава на лидерите за поголема соработка во битката против тероризмот и во сферата на енергетиката. На самитот учествуваа претседателите на Кина, Русија, Пакистан, Авганистан и Казахстан, и како посматрачи претставници на Индонезија, Јапонија, Украина и Соединетите Држави.