Сиднеј: Врховниот суд го отфрли барањето на Драган Васиљковиќ за неиспорачување во Хрватска

Врховниот суд на Австралија денеска го отфрли барањето на Драган Васиљковиќ, обвинет за воени злосторства, да го блокира неговото израчување на Хрватска. Васиљковиќ кој е познат под прекарот Капетан Драган е обвинет за мачење, убивање и прогонување хрватски воени затвореници и цивили за време на војната во почетокот на деведесетите години. Тој е австралиски државјанин и од јануари е во притвор во затворот во Сиднеј.