Киркук: Најмалку 15 загинати во експлозии на бомби

Најмалку 15 луѓе загинале при денешните три експлозии на бомби во ирачкиот град Киркук. Ирачката полиција соопшти дека едната бомба експлодирала во близина на полициска патрола, по што уследила уште една на истото место, а третата била поставена пред влезот на полициската станица.