Газа: Нови напади меѓу палестинските милитанти и изралската армија

Во воздушен напад на израелската армија извршен денеска во Појасот Газа, загинал најмалку еден милитант на Хамас, а тројца други се повредени, јавуваат агенциите пренесувајќи медицински извори. Претходно во ракетен напад на израелска територија што го извршиле палестинските милитанти, сериозно бил повреден еден израелец. Најновите инциденти се одговор на израелскиот напад од петокот во појасот Газа, во кој загинаа 7 лица, со што формално заврши 16 месечното примирје.