Исламабад: 20 милитанти загинале во судир со пакистанските сили

Околу 20 милитанти загинаа во судирот со пакистанските сили за безбедност во близина на границата сон Авганистан, соппшти Исламабад. Пакистанските власти се обидуваат да воведат ред во тој дел од земјата каде што се наоѓаат милиотантни групи кои претежно дошле од Авганистан по падот на талибанскиот режим на крајот на 2001 година. Во меѓувреме агенциите јавија дека во бомбашки напад е оштетен гасоводот во југозападен Пакистан. Повредени немало но илјадници луѓе се останати без снабдување со гас.