Париз: Посета на британскиот премиер Тони Блер

Иранската нуклерана програма се очекува да биде една од главните теми на денешните разговори во Париз меѓу францускиот претседател Жак Ширак и британскиот премиер Тони Блер. Најавено е дека тие ќе дискутираат и за начините како финансиски да им се помогне на палестинците, а притоа да се избегна владата на Хамас.