Њујорк: Американскиот амбасадор во ОН го осуди говорот на заменик генералниот секретар

Американскиот амбасадор во Обединетите Нации Џон Болтон го осуди говорот на заменикот генерален секретар на Светската Организација Марк Малох Браун велејки дека тоа е грешка која ќе заврши на штета на Обединетите Нации. Браун го обвини Вашингтон дека ги користи Обединетите Нации како меѓународно дипломатско орудие, а не ги брани од нападите во Америка. Генералниот Секретар Кофи Анан застана зад говорот на својот заменик.