Багдад: 13 лица што беа киднапирани во Багдад, денеска се пронајдени

13 од 50 ирачани, кои во текот на неделава беа киднапирани во Багдад, биле пронајдени живи на улица во градот, соопшти полицијата. Во меѓувреме, во Ирак денеска биле ослободени над 500 затвореници, како дел од амнестијата што ја одобри ирачкиот премиер Нури Ал Малики. Тој објави дека ќе бидат ослободени вкупно 2 ипол илјади затвореници во интерес на националното помирување. Инаку и денеска во Багдад имало серија напади во кои биле убиени 6 лица, меѓу кои 4-ца полицајци.