Иран: Хавиер Солана на иранските власти им ги предаде предлозите на меѓународната заедница

Во Техеран е во тек состанок меѓу еврокомесарот Хавиер Солана и главниот ирански преговарач во спорот околу нуклеарната програма Али Лариџани. Предвидено е Солана да има средба и со шефот на иранската дипломатија Манучер Мотаки, а постои можност да биде примен и од претседателот Махмуд Ахмадинеџад. Солана треба да им ги врачи последните предлози на меѓународната заедница кои имаат за цел да се убеди Иран да го прекине процесот за збогатување ураниум.