Пекинг: Посета на специјалниот пратеник на ОН за Косово Марти Ахтисари

Специјалниот пратеник на Обединетите нации за статусот на Косово Марти Ахтисари допатува денеска во Пекинг каде што со кинески официјални претставници ќе разговара за досегашниот тек во преговарачкиот процес меѓу Белград и Приштина. Претходно Ахтисари за преговорите за косовскиот статус имаше средби и разговори во Москва.