Над триесетина лица загинале во невремето што го зафати јужниот дел на Кина, пренесоа кинеските медиуми, наведувајќи дека метеоролозите прогнозираат врнежливо време и во наредните денови. Изобилните дождови причинија голема материјална штета а над пеесет илјади луѓе останале без своите домови.