Пекинг: Одбележување на 17 годишнината од демонстрациите на плоштадот Тјенанмен

Во Пекинг денеска се одбележува 17-годишнината од демонстрациите на плоштадот Тјенанмен што во 1989-та година беа предводени од студентите кои бараа реформи во општеството, а кои завршија со стотици жртви. Како што јавуваат агенциите, на централниот кинески плоштад во рамки на денешното одбележување на годишнината, мерките за безбедност се зголемени, за да се спречат евентуални протести и инциденти.