Подгорица: Парламентот и официјално ја прогласи независноста на Црна Гора

Парламентот на Црна Гора вчера вечер и официјално прогласи независност на Републиката, по референдумот што се одржа на 21-ви минатиот месец. На парламентарната седница е усвоена Декларација за основните принципи на кои се заснова самостојноста на државата, како и Одлука за независност во која се констатира дека Црна Гора ја обновила независноста во постоечките граници што е непоходен предуслов за почнување на процесот на меѓународно признавање на државата. ЕУ ја поздрави одлуката и ги повика Србија и Црна Гора да продолжат со заедничкиот дијалог.