Вашингтон: Американските сили ја почитувале регуларната процедура при нападот на Ишаки

Американските сили ја почитувале регуларната процедура при нападот врз ирачкото село Ишаки, во средината на март, е заклучокот на воената истрага. Генерал Мајор Вилијам Калдвел изјави дека американските сили дејствувале според правилата и оти врз нив бил отворен оган кога се обиделе да уапсат еден осомничен припадник на Ал Каеда во тоа село, по што побарале воздушна подршка.