Берлин: Германската разузнавачка агенција знаела за Ел Масри

Германската разузнавачка агенција Бе Ен Де денеска соопшти дека нејзини агенти во јануари 2004 знаеле, но не известиле, дека во Македонија е уапсен германски државјанин кој бил предаден на американците како осомничен терорист. Калед ал Масри е лицето кое тврди дека бил затворен од ЦИА, одведен во Авганистан, а пет месеци подоцна оставен во Албанија. Германските власти тврдеа дека не знаеле ништо за случајот Ел Масри кој подоцна се појави и пред Советот на Европа.