Анкара: Посета на рускиот шеф на дипломатијата Сергеј Лавров

Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров престојува во Анкара на разговори кои, како што се очекува, ќе бидат посветени и на надминувањето на ќор сокакот околу иранската нуклеарна програма. За време на дводневната посета Лавров треба да се сретне и со турскиот претседател Ахмет Неџет Сезер.