Бишкек: Протести на неколку илјади луѓе

Неколку илјади луѓе протестираат во Бишкек, главниот град на Киргизстан, барајќи уставни промени и поцврсти мерки во борбата против корупцијата. Демонстрантите бараат и оставка од одредени функционери. Шефот на државата Курманбек Бакиев деновиве смени извесен број министри, но опозицијата смета дека тоа не било доволно.