Берлин: 26 лица повредени во напад со нож на малолетник

Германски малолетник повредил дваесет и шест луѓе синоќа во центарот на Берлин откако ги нападнал со нож присустните на церемонијата на отворање на новата железничка станица во тој град. Полицијата соопшти дека шеснаесет годишното момче било уапсено и оти сега се испитуваат мотивите за неговиот напад. До инцидентот дојде во близина на свечената бина на која претходно на насобраните граѓани им се обрати германскиот канцелар Ангела Меркел.