Jава: Најмалку 1700 загинати во земјотрес на индонезискиот остров Јава

Најмалку илјада и седумстотини луѓе загинале, а илјадници други биле повредени во земјотресот што изутрината го погоди индонезискиот остров Јава, јавуваат агенциите. Станува збор за привремен биланс, бидејќи, како што се додава, во болниците и натаму пристигнувале голем број повредени. Според очевидци, стотици куќи и згради биле срамнети со земјата. Епицентарот на земјотресот со сила од шест запирка два степени според Рихтеровата скала бил четириесетина километри југозападно од градот Јоџакарта, поранешна кралска престолнина и сегашно познато туристичко место. Овој град е на само триесетина километри од вулканот Мерапи кој веќе неколку недели е активен.