Лондон: Состанок за иранската нуклеарна криза

На денешните разговори во Лондон претставници на петте постаојани членки на Советот за безбедност на Обединетите Нации плус Германија ќе се обидат да дојдат до заеднички прифатливо решение за иранскиот нуклеарен проблем. Американскиот претседател Џорџ Буш вчера изјави дека би сакал ова прашање да биде решено на мирен и дипломатски начин. Тој додаде дека не бил убеден дека Иран е подготвен да прифати решение постигнато на преговори. Иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџат денеска ги предупреди западните земји дека ќе добијат историска шлаканица доколку ја нападнат неговата земја.