Рим: Продолжува посетата на претседателот Црвенковски

Македонската државно црковна делегација предводена од претседателот Бранко Црвенковски, по повод Дваесет и четврти мај, Денот на големиот словенски просветител Свети Кирил денеска во Рим ќе го посети неговиот гроб во базиликата Сан Клементе, каде што ќе биде одржана и свечена литургија. Претседателот Црвенковски денеска, како што е планирано, ќе има средба и со италијанскиот премиер Романо Проди.