Подгорица: Црно Горците се изјасниле за независност

На референдумот за државно – правниот статус на Црна Гора, 55,5 насто од гласачите се изјасниле за независност, соопшти денеска Франтишек Липка, кој е на чело на црно-горската изборна комисија. Премиерот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ изјави дека на земјата сега и е отворен патот кон членство во НАТО и Европската Унија.