Пекинг: Посета на германскиот премиер Ангела Меркел

По денешните разговори во Пекинг германскиот канцелар Ангела Меркел изјави дека таа и кинескиот премиер Вен Џибао се согласиле оти Иран не би требало да поседува нуклеарно оружје. Кина и Русија, двете постојани членки на Советот за безбедност на Обединетите нации се противат на поцврстите мерки што ги предлагаат западните сили против Иран со цел да се откаже од нуклеарните активности.